Северна Кореја
Јонг-Ун нареди највисоко ниво на борбена готовност
07.03.2024 09:03
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун нареди воведување на највисоко ниво на борбена готовност на севернокорејските трупи...

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун нареди воведување на највисоко ниво на борбена готовност на севернокорејските трупи и побара од армијата да биде подготвена за војна.
Неговата одлука доаѓа по почетокот на редовните годишни заеднички воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја во кои се вклучени двојно повеќе сили во споредба со лани.
Ким рече дека севернокорејската војска мора динамично да спроведе нови, засилени воени подготовки во согласност со барањата на сегашната ситуација.
