Земјотреси во БиХ, Хрватска и Албанија
Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина. Земјотреси синоќа во Хрватска и Албанија...

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина. Земјотресот е регистриран во 7.42 часот по локално време на длабочина од 9 километри, а епицентарот бил на 29 километри од Мостар. Босанските медиуми информираат дека граѓаните изјавиле дека земјотресот ги разбудил бидејќи слушнале и татнежи.
Два послаби земјотреси се регистрирани синоќа и во Загреб, Хрватска. Посилниот од двата земјотреси се случи во 1.58 часот и вознемири дел од граѓаните. Беше со јачина од 2,8 степени. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 6 километри и бил во близина на Маркушевац.
Два земјотреси доцна синоќа се регистрирани и во Хрватска. Првиот, со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала, се случил 55 минути по полноќ на длабочина од осум километри, а епицентарот, според ЕМСЦ, е регистриран на осум километри од Загреб.
Три минути по првиот, регистриран е и втор посилен земјотрес со јачина од 2,8 степени, исто така, во околината за Загреб. Вториот бил на длабочина од 4,6 километри.
Освен во Хрватска, вчеравечер земјотрес е регистриран и во соседна Албанија. Потресот со јачина од 3,4 степени се случил во 20:59 часот по локално време на оддалеченост од 19 километри од Валона, а на длабочина од 10 километри.
