Македонија
Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР
07.03.2024 11:09
Македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Поповска, била повикана на средба во бугарското Министерство за надворешни работи, јавуваат бугарски медиуми...

Македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Поповска, била повикана на средба во бугарското Министерство за надворешни работи, јавуваат бугарски медиуми. Средбата е по повод, како што велат, неодамнешните јавни коментари на политичари од земјава и како што велат, невистините тврдења за Бугарија.
Категорично се противиме на обидот Бугарија и нашите билатерални односи да се вклучат во внатрешната политичка дебата во Република Северна Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања, велат од бугарското МНР.
