МВР

Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер

07.03.2024 11:52

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.

Вчера во 16.20 часот на улица „Крали Марко“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода П.К.(23) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање нас случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.