Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа се во ќорсокак
Египетските власти објавија дека преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа се во ќорсокак. Хамас бара прекин на војната во фази...

Египетските власти објавија дека преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа се во ќорсокак. Хамас бара прекин на војната во фази. Делегација на милитантната група го напушти Каиро, поради консултации, а преговорите најверојатно ќе продолжат идната недела. Претходно од Хамас соопштија дека нема да ги ослободи заложниците без целосно повлекување на израелската армија од Појасот Газа. На пет месеци од војната, меѓународните организации предупредија за катастрофална хуманитарна криза во енклавата.
„Во моментов ние се справуваме со потребите на 1,4 милиони луѓе кои се раселени во областа Рафах. Ако мнозинството од тие луѓе се принудени да се преселат поради каков било воен упад во Рафах, ние имаме план за вонредна состојба, но немаме резерви од потребниот материјал, храна и засолништа. Има брз пораст на болести, а неухранетоста ќе донесе повеќе медицински случаи. Здравствениот систем е на колена“, изјави Џејмс Мекголдрик, хуманитарен координатор во Појасот Газа.
