Статистика

Во февруари трошоците на живот поголеми за три отсто во однос на лани

07.03.2024 14:56

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари 2024-та година, во однос на јануари 2024-та година, изнесува 0,4%“, покажува државната статистика...

Живејачката поскапува. Најновите податоци на Државната статистика покажуваат дека во февруари, трошоците на живот биле поголеми за 3% во однос на истиот месец лани. Цените на мало, пак, бележат зголемување за 2,7%. 

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари 2024-та година, во однос на јануари 2024-та година, изнесува 0,4%“, покажува државната статистика.

Во февруари 2024-та година поскапување во повеќе категории. Транспорт за 1,6%  Стоки и услуги за 0,8%  Храна и безалкохолни пијалаци поскапеле за 0,5% , а мебел, покуќнина, здравје за 0,4%.

Универзитетскиот професор, Лазар Јовевски, вели дека скапотијата си го прави своето. Алармира, ако државата не создаде реални механизми, ќе биде уште полошо.

Во февруари поскапеле јајцата, сирењето, месото, рибата и чоколадото. Граѓаните се жалат, велат сè е скапо.

Според пресметките на ССМ, минималната потрошувачка кошничка надмина 57.000 денари. Тоа значи дека и со две просечни плати тешко се врзува крај со крај.

Надлежните велат дека цените се стабилизираат, ама граѓаните тоа никако да го почувствуваат.

 

Борис Грујоски