Уште две респектабилни репрезентации без мудијалски билет
Унгарија и Исланд елиминирани од можноста за 18-то односно 17-то партиципирање на светските ракометни самити од 23 досега одржани. Прекинат низот од 4 Унгарски мундијалски доживувања, 8-мата селекција од последното планетарно првенство во аут, Унгарија елиминирана од Словенија со 32:26. Отпатува за Словенија унгарскиот тим со три позитива, ја прокоцка и прими уште толку.

Босанците не заминаа со којзнае кава предност за ракометен Исланд, само гол плус, но го сочуваа и одиграа реми 29:29, што ги вивнува Босна и Херцеговина за првпат во седмиот обид во светската елита.
Црна Гора киксираше против Белорусија 30:24, но уште дома се доведе во ситуација да стрепи денеска со само гол позитива која ја обезбедија, со што го прекинуваат учеството на големите ракометни собири.
Шведска денеска беше селекцијата која се приклучи очекувано по триумфот над Романија 27:21 на горе споменатите и плус вчерашните, Русија, Чешка, Полска, Австрија.