Црна Гора

Тензично во парламентот во Црна Гора, турканици, довикувања, обиди за напад

07.03.2024 15:21

Тензична седница во црногорскиот парламент во Цетиње. Пратеник на опозицијата и еден од парламентарното мнозинство се обидоа физички да се пресметаат...

Тензична седница во црногорскиот парламент во Цетиње. Пратеник на опозицијата и еден од парламентарното мнозинство се обидоа физички да се пресметаат.

Собранискиот спикер неколкупати даде пауза но, жестоката дискусија продолжи. Неколку стотици граѓани протестираа во Цетиње против претседателот на Собранието и лидер на Нова српска демократија, Андрија Мандиќ, кој претседава со првата седница на пролетната сесија.

Демонстрантите го обвинуваат собранискиот спикер дека работи против интересите на државата.