Правда

Министерот Лога во работна посета на Кралството на Саудиска Арабија

07.03.2024 16:44

На состанокот се разменија искуства и добри практики од областа на едукација во правосудството...

За време на посетата во Кралството на Саудиска Арабија, министерот за правда Кренар Лога оствари неколку посети меѓу кои и саудискиот центар за обука за правда, каде што одблиску се запозна со развојната програма за зајакнување на судиите и правниот персонал и програми за квалификација за адвокати и нотари, информираат од Министерството за правда.

На состанокот се разменија искуства и добри практики од областа на едукација во правосудството. Беа разгледани просториите каде што се врши едукација на идните кандидати за правосудството. Истовремено, се дискутираше и за разликите и сличностите на начинот на одвивање на едукациите и критериумите за примање на кандидативе во саудискиот центар за обука, стои во соопштението.