Изгласани измените на Изборниот законик
На изборите ќе може да се гласа со стари лични документи
07.03.2024 17:14
По скратена постапка донесени измените на Изборниот законик. Пратениците одлучија – на изборите ќе може да се гласа со стари лични документи…

Власта и опозицијата по скратена постапка ги донесоа измените во Изборниот законик. Со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност е истечена девет месеци до денот на одржување на изборите.
Известува Миле Ристески
