Ракомет

Величенствена победа за светска виза

15.06.2014 23:07

Немаше дилеми ни пред натпреварот. Беше само прашање со колку разлика и на каков начин Македонија ќе ја декласира Грција.

Немаше дилеми ни пред натпреварот. Беше само прашање со колку разлика и на каков начин Македонија ќе ја декласира Грција.

Нашите ракометари го направија тоа со 12 голови разлика , со 35-23, на величенствен начин, во фантастичната атмосвера во СЦ Борис Трајковски и неможеше да биде поинаку. Со многу атракција, двојни цепелини, фантастична одбрана, акции и погодоци што воодушевуваа. Предводени од капитенот Кире Лазаров кој се стекнуваше впечеток дека може да погоди од секоја позиција и растојание, нашите ракометари само на почетокот му дозволија водство на гостинскиот состав , потоа играше само една селекција додека на трибините одекнуваше „Едно име имаме“. Вечер за паметење, за сатисвакција, за уживање, за гордост.

Триумф во кој не се издвојуваат поединци, победија сите, на теренот, на трибините, пред ТВ екраните. Вечерва победи Македонија.

Катар е следната дестинација во континуитетот настапи на големи натпреварувања на македонските ракометари. Целта сега е многу повисока. Медал...