Институт за јавно здравје

Се намалува бројот на заболени од грип

07.03.2024 18:05

Според објавените податоци, најголем број пријавени случаи се во Кавадарци – 146, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 100.

Од 26-ти февруари до 3-ти март во државата се пријавени 641 случај на грип што претставува 21,8 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, во споредба со истиот период минатата година е намален за 3,9 проценти, покажуваат податоците од најновиот седмичен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Според објавените податоци, најголем број пријавени случаи се во Кавадарци – 146, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 100.

Во однос на возрасната дистрибуција, 396 лица се на возраст од 15 до 64 години, 135 се деца на возраст од пет до 14 години, 68 – деца на возраст до четири години и 42 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години – наведуваат од ИЈЗ.

Регистрирани се два смртни случаи асоцирани со грип во текот на оваа недела. Се работи за лица на возраст од 39 и 66 години од Скопје и Велес, кои биле хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“.

Кај двете лица е утврдено присуство на коморбидитети – невролошки и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 13 починати лица асоцирани со грипот.