Свет
Преговорите за прекин на огнот во Газа се во ќорсокак
07.03.2024 19:13
На пет месеци од војната, меѓународните организации предупредија за катастрофална хуманитарна криза во енклавата.

Египетските власти објавија дека преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа се во ќорсокак. Хамас бара прекин на војната во фази. Преговорите најверојатно ќе продолжат идната недела.
На пет месеци од војната, меѓународните организации предупредија за катастрофална хуманитарна криза во енклавата.
Премиерот Нетанјаху вели дека ќе бидат уништени сите упоришта на Хамас.
