Безбедност
Шведска стана полноправна членка на НАТО
07.03.2024 18:44
Знамето на Шведска во понеделник ќе биде подигнато пред седиштето на НАТО...

Знамето на Шведска, која од денеска стана полноправна членка на НАТО, во понеделник ќе биде подигнато пред седиштето на Алијансата во Брисел, соопшти генералниот секретар Јенс Столтенберг.
Веќе е официјално дека Шведска е 32-та држава во НАТО. Така, земјата го зазема заслуженото место меѓу сојузниците, напиша Столтенберг на социјалната мрежа „Икс“.
Влегувањето на Шведска во НАТО го прави пактот посилен, а земјата побезбедна, додаде Столтенберг.
