Експресно донесени измените на Изборниот законик
Хаосот со личните документи нема да биде проблем барем за изборите. Оваа година граѓаните ќе можат да гласаат и со документи на кои стои старото уставно име и оние кои се истечени девет месеци пред изборите. Ова се измени на Изборниот законик кои денеска експресно беа донесени во Собранието…

Пратениците со 84 гласа „за“ ги изгласаа измените во Изборниот законик, со што на претстојните парламентарни и претседателски избори ќе може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи, односно оние кои не ги промениле со новото уставно име. Ќе може да гласаат и лицата кои наполниле 18 години помеѓу двата изборни круга.
Без денешните измени во изборниот закон, постоеше ризик да се прекрши основното човеково право, право на глас, на над 100 илјади граѓани во нашата држава, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова правило за гласање со истечени лични документи ќе важи само за овие парламентарни и претседателски избори.
Измените беа поднесени од координаторите на пратеничките групи СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса за Албанците.
Миле Ристески
