Народна банка

Девизните резерви на крајот на февруари изнесувале 4,35 милијарди евра

07.03.2024 17:55

Најголем дел од девизните резерви односно речиси 59 проценти се пласирани во хартии од вредност...

Девизните резерви на крајот на февруари годинава изнесувале 4,35 милијарди евра. Во однос на претходниот месец бележат зголемување за 10,7 милиони евра, соопшти Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви односно речиси 59 проценти се пласирани во хартии од вредност, по што следуваат валутите и депозитите со 31,6 и монетарното злато со 9,6 насто.