Г.г. Стефан: Руската црква има правилен став за МПЦ
Според Архипископот, можно е добрите односи со Руската православна црква да предизвикаат поместување на дијалогот со Српската црква...

Руската православна црква има правилен став за нашето црковно прашање и за она што треба да бидеме поддржани, изјави вчера поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Тој во Свети Николе го освети камен-темелникот за изградбата на храмот посветен на првата Македонка која го примила христијанството, Лидија Македонка.
„Трпението е одговор кога сестринските цркви ќе ја признаат автокефалноста на МПЦ-ОА. Длабоко сум уверен, го имаме доволно и верувам дека со него ќе ги издржиме сите искушенија“, потенцира г.г. Стефан.
Според Архипископот, можно е добрите односи со Руската православна црква да предизвикаат поместување на дијалогот со Српската црква.
