ИН МЕМОРИАМ
Почина фолк пејачката Атина Апостолова
07.03.2024 20:45
Таа ќе остане запаметена по големиот број хитови, меѓу кои „Ако грешам, грешна да сум јас“, „Пејте, пејте еј, мераклии“, „Усни румени“,„Цела вечер ќе ти пеам, а ти крши чаши“, „Верувај ми“…
Доајенот на македонската фолк музика, Атина Апостолова, денеска е пронајдена почината во нејзиниот дом во Скопје.
Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, каде и дипломирала на Економскиот факултет.
Таа ќе остане запаметена по големиот број хитови, меѓу кои „Ако грешам, грешна да сум јас“, „Пејте, пејте еј, мераклии“, „Усни румени“,„Цела вечер ќе ти пеам, а ти крши чаши“, „Верувај ми“…
Минатата година ја доби наградата за животно дело на фестивалот „Тумба Фест“ во Куманово.
