Македонија

На полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателски кандидат

08.03.2024 08:46

Рокот за собирање потписи за претседателски кандидати истекува на полноќ. Извесно е дека на гласачкото ливче ќе има 7 кандидати...

Рокот за собирање потписи за претседателски кандидати истекува на полноќ. Извесно е дека на гласачкото ливче ќе има 7 кандидати, кои ги собраа потребните 10 илјади потписи. Зад кандидатурата на Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, застанаа и по 30 пратеници.

Во трката за фотељата на вила водно на 24-ти април се и Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од опозицискиот блок „Вреди“, Максим Димитриевски од „Знам“, Билјана Ванковска како кандидат на „Левица“ и претседателот на „Гром“ Стевчо Јакимовски.

Листите со кандидати за претседател на државата до Државната изборна комисија треба да се достават најдоцна до 19-ти март на полноќ. Комисијата по службена должност ќе прибере податоци за исполнување на условите за кандидатите.