* ми Марти

Денеска во Скопје марш за женските права

08.03.2024 08:55

Во Скопје денеска на Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените – 8 Март...

Во Скопје денеска на Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените – 8 Март, ќе се одржи Марш за женски права. Маршот ќе почне во 17 часот од Плоштадот „Скендербег“ под слоганот „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“.

Рутата на маршот ќе заврши во Паркот „Жена Борец“, со завршни обраќања до јавноста и институциите.

Од Платформата за родова еднаквост информираат дека осма година по ред маршираат за да потсетиме дека женските права се важни, секој ден, во секој сегмент од живеењето.

Од Платформата за родова еднаквост повикуваат до граѓаните да им се приклучат на маршот и да маршираат заедно за да се крене гласот за женските права и црвените линии кои не смеат да се преминат.