Инфлација
Благ пад на инфлацијата во февруари
08.03.2024 09:06
Благ пад на инфлацијата во февруари, статистика пресмета дека е 3 проценти во однос на истиот месец лани ...

Благ пад на инфлацијата во февруари, статистика пресмета дека е 3 проценти во однос на истиот месец лани, додека индексот на цени на мало бележи пораст од 2 насто.
Најголемо поскапување, над 20 насто има кај зеленчукот и над 15 кај овошјето. Лебот, млекото, сирењето, јајцата и мастите се продаваат по пониски цени од ланските.
Зголемување на трошоците за живот има и кај алкохолните пијалаци, тутунот, облеката, трошоците за здравје. Инфлација лани во февруари изнесуваше 16,7 насто.
