Ресенското јаболко оди во Дубаи

06.12.2013 13:32

Ресенското јаболко  го најде својот пат до Дубаи . Бизнисмени од оваа земја регистрираа фирма во Македонија и откупија земјиште за изградба на откупно дистрибутивен центар . Во првата фаза инвестицијата ќе чини пет милиони евра и ќе донесе 100 нови вработувања . До август идната година ќе заврши првата фаза преку која се создаваат можности за откуп на пет илјади тони јаболка , по што првиот извоз се очекува да биде кон крајот на идната година , со што ќе ги зголемат капацитетите за уште пет илјади тони . Вкупната вредност на извозот ќе изнесува 6 милиони евра годишно .

Ресенското јаболко  го најде својот пат до Дубаи . Бизнисмени од оваа земја регистрираа фирма во Македонија и откупија земјиште за изградба на откупно дистрибутивен центар . Во првата фаза инвестицијата ќе чини пет милиони евра и ќе донесе 100 нови вработувања . До август идната година ќе заврши првата фаза преку која се создаваат можности за откуп на пет илјади тони јаболка , по што првиот извоз се очекува да биде кон крајот на идната година , со што ќе ги зголемат капацитетите за уште пет илјади тони . Вкупната вредност на извозот ќе изнесува 6 милиони евра годишно . Ќе се извезува во Дубаи и во земјите од Обединетите Арапски Емирати . Бизнисмените од  Дубаи ќе почнат и сопствено производство на јаболка во Ресен на 60 хектари , а размислуваат и за нови инвестиции , за отворање кланица за крави и овци и за недвижности, со што вкупната инвестиција би достигнала до 20 милиони евра .