Топлото време погодно за житата, постои опасност од град и ветер

16.06.2014 10:26

Топлите денови им погодуваат на житните култури. Евентуални штети во земјоделството може да се очекуваат на места погодени од град и зaсилен ветер...

Покачувањето на температурите ќе придонесе за нормален развој на културите и почеток на жетвата на јачменот.

Единствено според УХМР условите за нестабилност и евентуалната појава на град со ветер и дожд може да ја забави жетвата и да направи штети кај скоро сите култури.

Можни се механички оштетувања и полегнување на житата.

Опасноста од појава на болести и штетници е голема, а третирањето со пестициди е неопходно.

Покрај штетите од невремето и субвенциите од 50 до 60 проценти, земјоделците покажуваат слаб интерес за заштитни мрежи и осигурување.

Годинава во тиквешијата ниту еден земјоделец нема поднесено барање за субвенционирање за опрема за заштита од град.

 

Методија Трајков