Малезија

Една деценија од мистеријата со исчезнувањето на малезискиот авион

08.03.2024 09:13

Една деценија од најголемата мистерија во авијацијата. На 8 Март 2014 година исчезна Боинг 777 на Малезија ерлајнс со 239 патници ...

Една деценија од најголемата мистерија во авијацијата. На 8 Март 2014 година исчезна Боинг 777 на Малезија ерлајнс со 239 патници. На воздухопловот му се губи секаква трага 39 минути по полетувањето од Куала Лумпур на пат кон Пекинг. Властите во Малезија најави можност за нова истрага.

„Одлуките мора да се засноваат на факти, а не на претпоставки. Нашиот министер за транспорт јасно објави дека имаме убедлив случај да ги отвориме истрагите. Поддржувам повторно отворање на сите истраги. Имаме седница на влада и ќе ја слушнеме неговата страна од приказната“, изјави Анвар Ибрахим, премиер на Малезија.

Во меѓународната потрага во јужниот дел на Индискиот Океан никогаш не се пронајдени тела или остатоци. Во извештајот од 2018 година, малезиските истражители отфрлија можност дека екипажот и патниците се виновни за исчезнувањето на леталото, но не исклучија нелегални обиди. И натаму се негираат тврдењата дека пилотот намерно ја прекинал комуникацијата со земјата и го пренасочил авионот.