Артилериски вежби на севернокорејската армија
За време на посетата на западната оперативна база за обука Ким рече дека војската мора постојано мора да работи на подобрување на нејзините борбени способности до совршена воена подготвеност ...

Севернокорејските државни медиуми објавија нов извештај за лидерот Ким Џонг Ун, кој следи артилериски вежби. За време на посетата на западната оперативна база за обука Ким рече дека војската мора постојано мора да работи на подобрување на нејзините борбени способности до совршена воена подготвеност.
Акциите на Пјонгјанг следат во време кога Вашингтон и Сеул ја одржуваат годишната вежба „Штитот на слободата“ до 15 - ти март во услови на зголемени тензии на Корејскиот Полуостров.
Северна Кореја на претходните воени вежби на Јужна Кореја и САД реагираше со ракетни и други тестови на оружје.
