Србија

Македонски државјанин тешко ранил жена на патарина кај Прешево, потоа се самоубил

08.03.2024 09:57

Вчера на патарина во Прешево, македонски државјанин од Тетово со огнено оружје ја застрелал сопругата В.Ј по што се самоубил.

Вчера на патарина во Прешево, македонски државјанин од Тетово со огнено оружје ја застрелал сопругата В.Ј по што се самоубил.

Како што пренесуваат српските медиуми, жената веднаш била пренесена во Ургентниот центар во Ниш по што била оперирана. В.Ј се здобила со повреди на душникот, вратните пршлени како и контузија на белодробното крило.

На пукањето и претходела расправа во автомобилот. Жената во еден момент излегла од возилото и почнала да бега, по што  мажот со пиштол испукал два куршуми кон нејзе нанесувајќи и тешки повреди, а потоа се самоубил.