НБРМ: Растат профитите на македонските банки

16.06.2014 10:32

Според Народна банка на Република Македонија (НБРМ) растат профитите на македонските банки. Во првиот квартал од годинава целиот банкарски систем на земјава остварил вкупна добивка од 6,7 милиони евра.

Лани во првиот квартал целиот банкарски систем прокнижи вкупна загуба од нешто над 680 илјади евра, но потоа состојбата значајно се подобри, така што 2013-та македонските банки ја завршија со солидна вкупна добивка од 37,6 милиони евра.