Русија

МААЕ изгласа резолуција со која се бара Русија да се повлече од нуклеарна централа Запорожје

08.03.2024 10:19

Меѓународната агенција за атомска енергија изгласа резолуција, со која се бара Русија да се повлече од украинската нуклеарна централа Запорожје. ...

Меѓународната агенција за атомска енергија изгласа резолуција, со која се бара Русија да се повлече од украинската нуклеарна централа Запорожје.

Ова е четврта резолуција на Комитетот со која се осудуваат руските дејствија во нуклеарните постројки на Украина. Во текстот се наведува објектот веднаш да биде вратен под целосна контрола на релевантните украински власти. МААЕ, која има мал број свои вработени во Запорожје, вели дека безбедноста и натаму е под прашање.

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирања во близина на нуклеарната централа.