Нигерија

227 деца киднапирани во Нигерија

08.03.2024 10:26

Вооружени напаѓачи киднапираа 227 деца од училиште во нигерискиот град Курига непосредно по почетокот на наставата ...

Вооружени напаѓачи киднапираа 227 деца од училиште во нигерискиот град Курига непосредно по почетокот на наставата. Родителите и жителите на градот сметаат дека недоволната безбедност е причина за грабнувањето. Пред неколку дена Боко Харам киднапираше десетици жени и деца во североисточна Нигерија додека собираа дрва за огрев.

Киднапирањата со цел да се бара откуп се чести во северна Нигерија.

„Киднапиран е наставникот кој го водел училишното собрание. Убиен е и еден чувар додека се обидувал да ги исплаши вооружените напаѓачи пукајќи во воздух“, изјави Абдулахи Бело, жител на Курига

„Разговаравме со родителите на оние деца кои беа киднапирани. Јасно им ставивме до знаење дека една од најважните одговорности на владата е да се погрижи да ги заштитиме животите и имотите на нашите граѓани“, изјави Уба Сани, гувернер на државата Кадуна.

„Ве молиме дојдете и помогнете ни, не оставајте не. Не сме јаделе. Ве молиме помогнете ни. Каде е претседателот? Каде е гувернерот? Во едно домаќинство беа киднапирани седум деца, додека во друго се киднапирани пет деца“, изјави жител на Курига.