АХВ
Повлечен од продажба чоколаден бар Милка орео поради присуство на пластика
08.03.2024 10:45
Чоколадниот бар е произведен во Mondelez Polska Production SP Zoo, а увозник е операторот со храна ТД Нелт...

Од продавниците се повлекува чоколаден бар „Милка орео“ од 37 грама поради присуство на делови од пластика, информира Агенцијата за храна и ветерина.
Чоколадниот бар е произведен во Mondelez Polska Production SP Zoo, а увозник е операторот со храна ТД Нелт. Серискиот број на повлечените производи е OSK0934652 и има рок на употреба до 18.08.2024
Доколку сте купиле од овој производ треба да го вратите во продавницата во која сте пазаруале, стои во соопштението на АХВ.
