Како до подобар род?

16.06.2014 10:38

Дождовите несомнено нанесоа голема штета кај дел од житните култури. Експертите велат дека оние што ги послушале нивните совети и навреме го заштитиле својот род, ќе поминат подобро. Инаку годинава само со пченица се посеани 95.000 хектари...

Поројните дождови и поплавите кои беа забележани во изминатите два месеци ќе се одразат врз квалитетот и приносот на пченицата. Во неколку наврати се појавиле болести и штетници кај лебното жито. Земјоделци кои ги третирале своите посеви со агротехнички средства ќе имаат подобр род.

„Јачменот ќе даде добри резултати, но кај пченицата ќе имаме одредени загуби. Ја погоди болеста –пламеница која се јавува од многу влага и ги пожолтува листовите на житото“, вели Стојан Стојковски, земјоделец од кумановско Клечовце.

„Имаше дождови, но и болести, затоа бевме свесни дека житото треба да се прска со препарати и заштити на време“, додава Добре Пешиќ од кумановското село Тромеѓа.

За остварување на подобри приноси потребно е да се користи сертифициран семенски материјал, соодветни фунгициди и да се запази техологијата на земјоделското производство, велат експертите.

„За жал родот на пленицата годинава е двојно намален бидејќи не беа применети соодветни агротехнички мерки. Ние им сугериравме на земјоделците, но дел не ги послушаа нашите совети“, изјави Илија Каров, декан на Земјоделскиот Факутет при Универзитетот Гоце Делчев од Штип.

Министерството за земјоделство формираше рабтона група која работи на подобрување на квлитетот кај житните култури со цел Македонија да стане поконкурентена на домашниот и на странскиот пазар.

„Ги креираме сите политики и мерки кои што се вградени во програмата на Министерството, се со цел да се создаде таа неопходна соработка помеѓу земјоделците и производителите на сертифициран семенски материјал“, вели министерот за земјоделство, Љупчо Димовски.

Покрај основните субвенции од 9.000 денари, земјоделците кои користат сертифириано семе добиваат дополнителни 3.000 денари по хектар.

Годинава посеани се 95.000 хектари пченица, а се очекува приносот да изнесува околу 300.000 тони.

 

Габриела Димковиќ