Детските бракови и натаму се проблем за девојчињата во Македонија
На меѓународниот ден на жената претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриџија Ди Џовани, претстави алармантни податоци поврзани со детските бракови во земјава...

На меѓународниот ден на жената претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриџија Ди Џовани, претстави алармантни податоци поврзани со детските бракови во земјава. Осум проценти од сите жени во Македонија се омажиле или почнале да живеат во заедница пред нивната 18-годишна возраст. 45 отсто од жените Ромки се мажени или живееле во врска пред 18-годишна возраст, а 15 отсто пред нивната 15-годишна возраст.
„Детските бракови ги лишуваат девојчињата од детство и имаат штетни последици по нивното здравје, развој и економски изгледи“, велат од УНИЦЕФ. Оттаму укажуваат дека земјава стави потпис на многу конвенции, но оти сè уште постојат правни празници и исклучоци со коишто деца можат да стапат во брак со наполнети 16 години, со претходно одобрение од суд.
