Прилеп од женски агол

Храбрите жени ги уриваат стереотипите

08.03.2024 13:09

Стереотипите мора да се урнат, особено кога за дел од професиите има мислење дека се исклучиво резервирани за мажи. Жаклина Андоновска е единствената жена професионален возач на автобус на меѓуградска линија во земјава. Таа секојдневно вози на релација Прилеп – Скопје. Вели, ова за неа е исполнување на нејзината животна желба...

Патиштата се нејзиното секојдневие, одговорноста за патниците аманет. Ќе ја сретнете на релацијата Прилеп-Скопје. Прилепчанката Жаклина Андоноска е една од четирите, но е единствена жена возач на автобус на меѓуградски линии во Македонија. Напуштила подобро платена работа во текстилната индустрија за исполнување на соништата.

Скептицизмот постои, вели. Кај нас повеќе, во светот незабележливо. Но, полека се топи границата меѓу машко-женскиот свет.

Зад воланот, Жаклина Андоноска е со неуморно убедување, ќе стигне на целта да ги охрабри жените да не се одрекуваат од желбите, а и мажите.

 

Елизабета Митреска