Потребна е стратегија за ублажување на ефектите од климатските промени

16.06.2014 10:47

Од штедење електрична енергија до фрлање смет на соодветно место. Има безброј начини на кои секој од нас може да придонесе за ублажување на ефектите од климатските промени. Општина Теарце е втора во Македонија која што има локална стратегија на од оваа област...

Во општина Теарце се започнало со штедење електрична енергија. Улиците ги осветлуваат штедливи сеалички со што се намалиле трошоците. Ова се дел од активностите за ублажување на последиците од климатските промени. Познавачите најавуваат дека во Македонија најмногу влијание ќе имаат врз земјоделството, ќе се намалуваат приносите, ќе се зголемува температурата, а зимите ќе бидат врнежливи.

„Реализираме една мала локална кампања за запознавање на граѓаните на општина Теарце со климатските промени: што се тие, што претставуваат, дали сме свесни за последиците и влијанијата и како да ги ублажиме. Општина Теарце во овој проект е заедно со општините Богданци, Кривогаштани и Пехчево“, изјави Дарко Лешоски.

Општина Теарце е втора во Македонија што има локална стратегија за да ги пресретне климатските промени. Со низа ативности ќе се подобрува енергетската ефикасност. Проектите се реализираат во соработка меѓу локалната самоуправа и невладиниот сектор.

„Во првата фаза општина Теарце беше добитник на проект во врска со енергетска ефикасност. Ние сме задоволни со резултатите. Со промената на уличното осветлување на ниво на општина имаме бенефит и така ќе продолжиме“, вели Исен Асани, Градоначалник на општина Теарце.

Познавачите велат дека секој човек треба да тргне од себе и сопствените навики во борбата со климатските промени. На пример може да се започне од штедење електрична енергија, па се до фрлањето отпадоци на соодветно место.

 

Зоран Јованоски