8 Март

Жените низ светот излегоа на улиците да ги бараат своите права

08.03.2024 14:32

На меѓународниот ден на жената илјадници жени излегоа на улиците во Европа, Азија, САД. Сите со идентични пораки до властите, да се поправи нееднаквоста во приходите меѓу мажите и жените и построги казни за сексуални злосторства и злоупотреба...

На меѓународниот ден на жената илјадници жени излегоа на улиците во Европа, Азија, САД. Сите со идентични пораки до властите, да се поправи нееднаквоста во приходите меѓу мажите и жените и построги казни за сексуални злосторства и злоупотреба.

Во Рим и други италијански градови фокус и на страдањата на жените кои страдаат во Газа и неспроведувањето на правата на авганистанските жени кои живеат под талибанскиот режим.

Според демонстрантите, родовото насилство не може да се означува само како кривично прашање, туку најмногу мора да се третира како културно прашање.