Бојмацалиев за МТВ говори за резултатите од внатрешната контрола во МВР за двојното убиство
Внатрешната контрола во МВР утврди дека нема основа за поткренување дисциплинска постапка, во случајот со расчистувањето на двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

Внатрешната контрола потврди оти МВР не потфрли во случајот со двојното убиство. Нема дисциплинска постапка против полициски службеници. Тие постапиле професионално од почеток до крај на случајот – вели за Македонската телевизија дополнителниот заменик-министер Митко Бојмацалиев. Но и покрај тоа што не е најден пропуст МВР подготви нови упатства за работа на полицајците, по кои ќе мора да постапуваат во вакви случаи.
Првоосомничениот за двојното убиство мора и ќе биде екстрадиран, бидејќи доказите се силни против него, вели Бојмацалиев. Од правда пак, не соопштуваат кога Љупчо Палевски – Палчо ќе биде екстрадиран од Турција. Од министерството посочуваат дека сè уште чекаат информации од турските власти и во интерес на процесот нема да се споделуваат информации.
Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се осомничени за киднапирање и помагање во убиството на Ѓорчевска и Жежовски.
Таткото на Вања, Александар Ѓорѓевски, е осомничен дека помагал во киднапирањето на неговата ќерка. Тие од почетокот на декември се во притвор во Шутка каде што е и Стефан Димковски, осомничен дека му помогнал на Палевски да избега во Турција.
Викторија Милевска
