Избори 2024

Џафери: Измените на Изборниот законик е парцијално решение

08.03.2024 14:42

Измените на Изборниот законик поминаа, техничкиот премиерот Џафери е скептик. Вели, проблемот само делумно се решава...

Измените на Изборниот законик, со кој се овозможува граѓаните кои имаат лична карта или пасош со старото уставно име, но рокот им е истечен не подолго од девет месеци, да гласаат, според техничкиот премиер Џафери е парцијално решение. Смета дека и покрај ваквата законска измена, дел од граѓаните нема да можат да го остварат уставно загарантираното избирачко право, ако не се најде трајно и целосно решение.

Џафери смета дека при носењето на законските измени, не требало да се дава конкретен рок. Излезот го гледа во нови измени или по предлог на пратеници во Собранието или пак, како што вели, повторно Владата ќе мора да биде креаторот на законското решение.

Според податоците од МВР, околу 100 илјади граѓани се со стари документи со истечен рок. Правилото за гласање со вакви лични карти и пасоши ќе важи само за овие избори. Измените беа поднесени и изгласани по итна постапка од власта и од опозицијата.

 

Милчо Велески