Македонија

Собраниска седница за улогата на жените

08.03.2024 14:47

На пленарна седница во македонското Собрание се разговараше за родовата еднаквост во земјава и за унапредувањето на правата на жените...

Да не дозволиме само еден ден во годината жените да се чувствуваат важни, издигнати и почитувани, а другите денови да бидат предмет на вербално и физичко насилство – дел од пораките од собраниската говорница на Меѓународниот ден на жената. Законодавниот дом го надмина прагот од 40 проценти жени пратенички.

Животот не смее да биде трка меѓу жените и мажите, туку поле за соработка.

Пратеничките велат дека иако е направен чекор напред, сепак, борбата со родовото насилство и дискриминација е битка којашто мора да продолжи.

 

Ана Јосифоска Тодоровска