Македонија

Зголемен бројот на жртви на психичко насилство

08.03.2024 14:56

Годишниот извештај на националната СОС-линија потврдува дека немаме простор за славење. Манипулација, контрола на движење и финансии, демнење се само дел од новите форми на насилство врз жените...

Манипулација, контрола на движење и финансии, демнење, изолација на жртвата се само дел од новите форми на насилство кои околу 500 жени годишно ги пријавуваат на СОС телефонот 147.700. Додека насилникот ја јакне моќта и доминацијата, жртвата ја намалува самодовербата.

Образованието, вработувањето жените ги прави се понезависни и рамноправни, велат дел од граѓаните. Сметаат дека жените успеале да се изборат за рамноправност.

Со цел спречување и заштита од насилство врз жените, неопходно е усвојување на соодветна Програма за реинтеграција на жртвите на насилство која предвидува економско зајакнување и осамостојување на жртвите, стекнување вештини, како и развој на мрежа за поддршка за грижа на нивните деца додека работат. 

 

Александра Велинова