МВР

Тошковски: Обезбеден е континуитет и навремена испорака на обрасци

08.03.2024 16:07

На средбата, како што соопштуваат од МВР, се разговараше за можноста да се забрза динамиката на производство и испорака на обрасците и беше заклучено дека ќе биде обезбеден континуитет и навремена испорака на обрасци за патни исправи за нареден период.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Атина се сретна со Марк Џулиан Сиверт кој е претседател на бордот на директори на ВЕРИДОС, компанијата која е задолжена за производство на обрасците за лични документи.

На средбата, како што соопштуваат од МВР, се разговараше за можноста да се забрза динамиката на производство и испорака на обрасците и беше заклучено дека ќе биде обезбеден континуитет и навремена испорака на обрасци за патни исправи за нареден период.

Со ова се обезбедуваат услови за машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет и во месеците мај и јуни, стои во соооштението.