Адеми се откажа од настапи за македонската фудбалска репрезентација
Селекторот Милевски следната седмица ќе го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија и Црна Гора...
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски денеска изјави дека македонската фудбалска репрезентација повеќе нема да смета на услугите на Аријан Адеми, откако фудбалерот за врска одлучил дека е време за крај на репрезентативната кариера.
Треба сите да искажеме благодарност за неговиот придонес за македонската репрезентација и за нашиот фудбал воопшто. Предложивме да организираме натпревар за простување, негова е одлуката за тоа дали тоа би се случувало на натпреварот против Хрватска на 3. јуни или на првиот домашен натпревар во Скопје, истакна Милевски.
Селекторот Милевски следната седмица ќе го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22.03) и Црна Гора (25.03) во турска Анталија.