Пакети со помош усмртија пет Палестинци, откако не се отвориле подобраните на кои биле поставени
Во текот на изминатата недела, американската војска, во координација со Јордан, Египет и Франција, испорача над 70.000 оброци со храна во Појасот Газа.
Пет Палестинци го загубија животот во Појасот Газа кога врз нив паднаа пакети со помош од САД, откако падобраните на кои биле поставени не се отвориле. Светските агенции јавија дека повредени се 10 лица.
Во текот на изминатата недела, американската војска, во координација со Јордан, Египет и Франција, испорача над 70.000 оброци со храна во Појасот Газа.
Претходно денеска, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон рече дека Обединетото Кралство ќе работи во соработка со САД за отворање на поморски коридор преку кој помошта за енклавата би можела да се доставува директно по море.
