Временска прогноза

Умерено облачно со слаб локален дожд

09.03.2024 08:34

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец...

Умерено до значително облачно со слаб локален дожд, од пладневните часови на повисоките планини во западните делови со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.