Избори 2024

Од 15 претенденти, само седум влегуваат во претседателската трка

09.03.2024 08:53

Веќе е јасно дека само седум од вкупно 15 претенденти ќе одат понатаму. На гласачкото ливче ќе стојат имињата на Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова, Бујар Османи, Арбен Таравари, Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски и Билјана Ванковска...

На полноќ заврши собирањето потписи за претседателски кандидатури. Веќе е јасно дека само седум од вкупно 15 претенденти ќе одат понатаму. На гласачкото ливче ќе стојат имињата на Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова, Бујар Османи, Арбен Таравари, Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски и Билјана Ванковска.

Листите до Државната изборна комисија треба да бидат доставени најдоцна до 19-ти март на полноќ.

Партиите сè уште ги кројат кандидатските листи за пратеници. Се очекува да се достават пред истекот на крајниот рок на 2-ри април.