Брод со хуманитарна помош ќе биде упатен од Кипар кон Газа
Во заедничката изјава на ЕУ, САД, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и бројни европски земји се вели дека поморскиот коридор „може и мора да биде дел од континуираните напори за зголемување на протокот на хуманитарна помош и комерцијални стоки за Газа преку сите можни рути“...

Брод со хуманитарна помош ќе биде упатен од Кипар кон Газа, како обид за воспоставување поморски коридор за директна испорака на помош за цивилното население. Во заедничката изјава на ЕУ, САД, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и бројни европски земји се вели дека поморскиот коридор „може и мора да биде дел од континуираните напори за зголемување на протокот на хуманитарна помош и комерцијални стоки за Газа преку сите можни рути“.
Израел соопшти дека ќе им дозволи на Палестинците од окупираниот западен брег да дојдат во Ерусалим и да се молат за време на светиот муслимански месец на постот-Рамазан.
