Украина
Продолжува руската окупација врз најголемата европска нуклеарка
09.03.2024 10:04
Управниот одбор на Меѓународната агенција за атомска енергија составен од 35 земји, усвои резолуција со која се осудува руската окупација на најголемата европска нуклеарка...

Безбедноста на украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под руска контрола се влошува од ден на ден, рече украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко. Управниот одбор на Меѓународната агенција за атомска енергија составен од 35 земји, усвои резолуција со која се осудува руската окупација на најголемата европска нуклеарка.
Сите шест реактори се исклучени, но сè уште е потребно постојано напојување за да го одржува ладно горивото во реакторите и да спречи потенцијално катастрофално топење.
