ВЕЛЕС

Потребен е нов мост на реката Црна кај Градско, постојниот е од времен карактер

09.03.2024 11:19

Мостот на река Црна кој во два наврати сериозно беше оштетен, за период од пет години, потребно е да се изгради нов мост на постојната локација оти постојниот е од времен карактер, и возовите преку него сообраќаат со 20 км/ч …

Стручњаците предупредуваат потребно да се гради нов мост на устието на реката Црна во Вардар, откако двата столба на постојниот попуштија во период од пет години и го нарушија редовниот железнички сообраќај. Извршената поправка, во два наврати, на Железничкиот мост е од времен карактер.

Поради превенција иако мостот е рехабилитиран, поправен, ограничена е брзината за сообраќај на возовите по Железничкиот мост на реката Црна, кај Градско. Таа е 20 км/ч. Причина и за двете оштетувања на носачите на мостот, била надојдената вода на реката Црна.

За сите 52 дена пауза поради поправка на мостот, ЈП МЖ инфраструктура годинава загуби од 1,5 милиони евра, додека во 2018-та за 40 дена нефункционирање на железничкиот сообраќај 1,2 милиони евра. Се планира новиот да биде изграден на местото каде претходно имало мост, кој во 2005 бил исечен, но основите постојат и може да се користат.

 

Петар Печков