Цените секојдневно растат, а пензиите речиси стојат во место - се жалат тетовските пензионери
Пензионерските маки никој не ги слуша, покачувањето на пензиите за одредена категорија наши членови за 5% е незабележително во однос на постојаното покачување на цените на производите, сметаат од Здружението на пензионери Тетово. Велат дека кај нив секојдневно пристигнуваат нивни членови, барајќи помош поради тешката економска криза...

Цените секојдневно растат, а пензиите речиси стојат во место. Едвај врзуваме крај со крај, се жалат тетовските пензионери.
Голем дел од нив се со ниски пензии, земајќи предвид дека живееле во град, кој некогаш важел за текстилен центар, каде платите биле едни од најниските.
Има пензионери со примања од 8.000 денари, со кои не можеш ниту половина месец да поминеш
Од Здружението на пензионери Тетово. Велат дека помагаат во рамки на можностите, но, тоа не е доволно, со оглед постојаниот раст на цените.
Покачувањето од 5% за одредена група пензионери не го решава проблемот. Мора да се смени Законот за пензиско и инвалидско осигурување за да се вметне линеарното зголемување на пензиите, велат од Здружението.
Здружението на пензионери Тетово е едно од поголемите во државата, со над 13.000 членови претежно со ниски примања. Проценките се дека на ниво на цела држава пак над 100.000 пензионери земаат пензија под минималната плата.
Зоран Димовски
