Прилеп

Едукација и превентива против врсничкото насилство

09.03.2024 16:31

Врсничкото насилство зема замав, а кулминира и со убиство. Младите и психолозите бараат едукација, комуникација и будност на општеството за навреме да се спречи загрижувачкото насилство меѓу младите …

Отуѓеност, отсуство на комуникација во семејството, влијанието на социјалните мрежи се меѓу основните причини на врсничкото насилство. Психичките и физички закани, пресметки кои кулмминираа и со врсничко убиство, го вклучија алармот во општеството. Причините се многу вели Ана Алексоска, психолог, психотерапевт.

Младите бараат едукација, советување, комуникација во училиштата и во семејството.

Психолозите бараат будност на заедницата.

Работата на психолозите е зголемена и до 90 насто во психолошкото советување.

 

Елизабета Митреска