Избори 2024

Седум кандидати во трката за претседател на државата

09.03.2024 17:03

Седум кандидати влегуваат во претседателската трка. Осуммина не успеаја да ја постигнат целта со собрани 10 илјади потписи за кандидатура. Рокот заврши на полноќ. Ждрепката каков ќе биде редоследот на гласачкото ливче ќе се одржи на 28-ми март. Кампањата стартува на 4-ти април …

Седум кандидати во трката за претседател на 24-ти април. Актуелниот шеф на државата Пендаровски, Силјановска Давкова подржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Османи од ДУИ, Таравари од коалиција ВРЕДИ, Јакимовски, Димитриевски, Ванковска Цветковска кандидат од Левица.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19-ти март, на полноќ.

Во меѓувреме, продолжуваат партиските комбинаторики за кандидатските листи за пратеници. Од СДСМ велат дека се разговара со коалициските партнери и дека листите ќе ги објават за две недели. Во ВМРО-ДПМНЕ без конкретни детали освен дека лидерот Мицкоски ќе ја предводи листата во единицата. Слично и кај партиите од албанскиот блок.

А на 18-ти март се затвора избирачкиот список. Измените во Изборниот законик со консензус меѓу власта и опозицијата усвоени во Собранието. Решението само делумно ќе го реши проблемот, смета техничкиот премиер Џафери. Според МВР, моментално 100.000 граѓани имаат стари документи. Излезот го гледа во нови корекции во преодните одредби со отстранување на временската одредница за употреба на личните документи чија важност е истечена најмногу 9 месеци до првиот круг од претседателските избори.

 

Марина Стојанова Тонева